САД:Бројот на заразени со ковид -19 зголемен над летниот пик

28 јули 2020 година. Луѓе се релаксираат на плажа во Мајами Бич, Флорида среде пандемијата на коронавирус.

Пандемијата на коронавирусот продолжува непрекинато да се шири низ Европа и Соединетите држави и денеска, а бројките укажуваат дека трендот се движи кон влошување.

Светската здравствена организација оваа недела предупреди на „експоненцијален“ пораст на инфекциите што ги оптоваруваат здравствените системи, дури и кога локалните и националните власти воведуваат нови мерки во обид да го забават ширењето на вирусот. Седумдневниот просек на нови заразени со ковид-19 во САД е речиси 70 000, па може да се каже дека овој викенд е надминат претходниот пик на заразени во јули летото. Вирусот е присутен во поголем дел од земјата, жаришта има низ руралните заедници на Среден Запад и се проширува во делови од земјата како што е Њујорк. Со оглед на полнење на болниците, и бројот на смртни случаи се очекува да се искачи над сегашниот просек од над 700 на ден, како што беше досега во октомври.

Во САД над 84 илјади новозаразени

Во Европа, вториот бран на вирусот е во полн ек. Земјите се обидуваат да го спречат ширењето со низа нови мерки, со надеж дека ќе избегнат дополнителни штети во разнишаните економии.

Шпанија, каде властите велат дека вкупниот број на заразени веројатно е три пати поголем од официјалната бројка од еден милион, се чини дека оди кон наметнување „состојба на требога“.