Лавров во работна посета на Белград на 28 и 29 октомври

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе престојува во работна посета на Белград на 28 и 29 октомври, при што ќе разговара со српскиот претседател Александар Вучиќ и ќе учествува на церемониите по повод завршувањето на внатрешните работи во Храмот Свети Сава, соопшти портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова. Таа изјави дека Лавров ќе учествува и во палење на вечниот оган на гробиштата на Ослободителите во Белград.

Руското министерство за одбрана отвори своја канцеларија во Белград

„Планирано е подлабоко разгледување на руско-српската соработка, размена на мислења за актуелните меѓународни проблеми, вклучувајќи ја и ситуацијата со решавањето на косовскиот проблем“, рече Захарова. Лавров претходно ќе ја посети Босна и Херцеговина на 28 октомври, каде што ќе разговара со највисокото раководство и одделно со членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик. Шефот на руската дипломатија во рамките на турнејата, на 26 октомври ќе ја посети и Грција.