ЕК покрена постапка против Кипар и Малта за продажба на пасоши

илустрација

Европската комисија поведе постапка против Кипар и Малта поради шеми за доделување државјанство во замена за инвестиции, кои тие ги нарекуваат и шеми на „златен пасош“. Комисијата смета дека доделувањето државјанство на овие земји, а со тоа и државјанството на ЕУ, во замена за однапред одредена исплата или инвестиција и без вистинска врска со тие членки, не е во согласност со Договорот за ЕУ. Ваквите шеми исто така го поткопуваат интегритетот на статусот на државјанство на ЕУ, предвиден во Договорот за функционирање на ЕУ. Според ЕК, тие шеми, поради природата на државјанството на ЕУ, имаат последици врз Унијата како целина.

Кипар го укинува „златниот пасош“

„Кога некој член ќе додели државјанство на некоја личност, тој или таа автоматски станува граѓанин на ЕУ и ги ужива сите права поврзани со тој статус, како што се правото на движење, престој и работа низ цела ЕУ или правото на глас на локалните и европските избори“, се вели во соопштението на Комисијата. Владите на Кипар и Малта сега имаат рок од два месеца да одговорат. Доколку нивните одговори не се задоволителни, Комисијата може да издаде образложено мислење за ова прашање.