Нови 161 заразени и 12 починати пациенти од ковид-19

Инфективна клиника, ковид 19 амбуланта

Во изминативе 24 часа од 771 тестирања за ковид-19, позитивни резултати добиле вкупно 161 лице. Во изминатово деноноќие вкупно 12 пациенти ја изгубиле битката со коронавирусот, покажуваат податоците на министерството за здравство за изминатово деноноќие. Најмладиот починат пациент во последните 24 часа бил на возраст од 41 година, додека најстариот имал 86 години. Од новозаразените најголем дел се жители на Скопје – вкупно 90, потоа во Гостивар 15 и Куманово 11 нови случаи на заразени со ковид-19.Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти .

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 23788, бројката на оздравени пациенти е 17392, на починати е 846, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5550.

Најмногу активни случаи има во главниот град 2674 од кои најмногу во општините Аеродром 534, Карпош и Центар по 445 активни случаи и Гази Баба со 280 активни случаи. Потоа во Струмица 358, па во Тетово – 288 активни случаи, во Куманово и Прилеп по 225, односно 226 новозаразени со ковид-19.