Бројот на корона позитивни во светот надмина 40 милиони

Илустрација - Луѓе со заштитини маски во градски автобус во Белград, Србија, октомври 2020

Бројот на потврдени случаи на Ковид-19 низ целиот свет надмина 40 милиони, а Европа, каде бројот на жртви е над 250,000, ги засили напорите да се ограничи нагло зголемување на нови инфекции.

Според проценката на универзитетот „Џон Хопкинс“, кој споредува извештаи од целиот свет, глобалниот број на заразени денеска достигна 40.050.902, а бројот на починати е 1.113.750.

Се верува дека вистинската бројка е далеку поголема, бидејќи тестирањето е променливо, многу луѓе не покажале симптоми, а постојат и сомнежи дека некои земји го кријат вистинскиот број случаи од политички причини.

Европските држави, во последните седум дена, забележаа раст на нови случаи од 44 проценти, принудувајќи некои од европските влади да воведат или да размислат за нови ограничувања.