Лагард: Парите за санирање од Ковид-19 да се дадат на време

Кристин Легард

Претседателката на Европска централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, денеска изјави дека Европа не треба да ја одложува распределбата на 750 милијарди евра од фондот за санирање на економијата погодена од пандемијата со Ковид-19.

„Европска комисија планира да ги распредели средствата на почетокот од 2021 година и треба да се придржува до рокот“, изјави Лагард за француски „Монд“.

Таа додаде дека исто така се надева оти ќе се дискутира за создавање на трајна фискална алатка за еврозоната.