За 24 часа 749 пријави за неносење заштитна маска за лице

Илустрација - Луѓе со заштитни маски за лице

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Северна Македонија, регистрирани се 749 прекршувања на мерката за носење лична заштита на лице, информираше утрово Министерството за внатрешни работи (МВР).

Од МВР и денеска апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.

Комисијата за заразни болести денеска би можела, доколку е потребно, да ѝ предложи на Владата дополнителен пакет мерки, меѓу кои, како што најави министерот за здравство Вено Филипче, можно е да се најдат и „целосна забрана за сите настани“ и „крај на работното време на сите економски оператори во 23 часот“.

Деновиве беше забележан рекорден број од 532 потврдени случаи.