Прекршувања на новото примирје во Нагорно-Карабах

Пребарување на преживеани во градот Гања.

Ерменија и Азербејџан се обвинија меѓусебно за кршење на примирјето со цел запирање на борбите за регионот Нагорно-Карабах, само неколку часа откако стапи на сила на 18 октомври.

Портпаролката на ерменското Министерство за одбрана изјави дека рано на 18 октомври имало ракетен и артилериски оган од непријателска страна.

Азербејџанското Минстерство за одбрана подоцна ги обвини ерменските сили за вршење на артилериско и минофрлачко гранатирање по таканаречената линија на контакт што ги дели завојуваните страни.

Обвинувањата дојдоа откако Ерменија и Азербејџан само часови претходно соопштија дека се договориле за нов прекин на огнот, објавувајќи идентични изјави на веб-страниците на нивните министерства за надворешни раборти доцна на 17 октомври.

Прекинот на огнот стапи на сила на полноќ по локално време.

Во соопштенијата од 17 октомври се вели дека одлуката е донесена по изјавите на почетокот на овој месец од страна на претседателите на Франција, Русија и САД кои ги претставуваат земјите копретседавачи на групата Минск на ОБСЕ.

Во последната рунда борби што изби на 27 септември, загинаа најмалку 600 војници и цивили и се смета за најлоша од прекинот на огнот во 1994 година кога беше ставен крај на севкупната војна.