Продолжуваат судирите во Нагорно Карабах

Ерменските и Азербејџанските сили околу отцепениот регион Нагорно Карабах се обвинуваат меѓу себе за кршење на примирјето

Судирите меѓу Ерменските и Азербејџанските сили околу отцепениот регион Нагорно Карабах продолжуваат, при што обете страни се обвинуваат меѓу себе за кршење на примирјето со посредство на Русија. Азербејџанското Министерство за одбрана ја обвини ерменската страна дека не го почитува хуманитарниот договор за прекин на огнот, велејќи дека Ерменските војници „повеќепати се обиделе да ги нападнат позициите на азербејџанската армија“. Од друга страна ерменското Министерство за одбрана соопшти дека Азербејџан „интензивно го гранатира јужниот фронт“.

Ким Кардашијан донирала милион долари за Нагорно Карабах

Во меѓувреме, етничките ерменски официјални лица во Нагорно Карабах соопштија дека во борбите со Азербејџан загинале уште 45 војници, со што вкупниот број на воени жртви достигна 525 од почетокот на борбите на 27 септември. Хуманитарниот прекин на огнот, договорен на 10 октомври, повикува на враќање на телата на убиените во и околу Нагорно Карабах - најголемата ескалација во конфликтот од несигурниот прекин на огнот во 1994 година. Оттогаш стотици војници и цивили се убиени. Ерменскиот министер за надворешни работи Зохраб Мнатаканиан вчера беше во Москва на разговори со копретседавачите на таканречената Групата Минск - Франција, Русија и САД - кои се обидуваат да посредуваат во ситуацијата.