Белоруската полиција се закани со употреба на боева муниција против демонстрантите

полициски сили во Минск

Полицијата во Белорусија ќе употреби боева муниција „ако е потребно“ за да ги растера протестите против Александар Лукашенко, соопшти Министерството за внатрешни работи. Припадниците на безбедносните сили „нема да ги напуштат улиците и ќе користат, доколку е потребно, специјална опрема и борбено оружје“, се вели во соопштението. Властите велат дека протестите станале „крајно радикални“.

Двајца опозиционери во Белорусија ослободени од затвор

Неколку стотици белоруски демонстранти беа уапсени во неделата на протестите на десетици илјади луѓе кои бараа оставка од Лукашенко. Европската унија одби да ја признае победата на Лукашенко на претседателските избори на 9 август и воведе санкции за белоруските официјални лица обвинети за изборна измама и кршење на човековите права.