Времето денеска: облачно со врнежи од дожд

Претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во источните делови ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено претпладне. Дневната температура ќе биде од 9 до 22 степена. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде до 19 степени.