Времето денеска: претпладне сончево, попладне облачно

Претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, освен на крајниот југоисток каде ќе биде облачно со повремен локален дожд. Попладне, во вечерните и ноќните часови облачно со врнежи од дожд. Врнежите ќе почнат од запад, а во вечерните и ноќните часови зоната на врнежи ќе се прошири во целата земја. На повеќе места се очекуваат обилни врнежи, а локално во текот на ноќта ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Дневната температура ќе биде од 16 до 24 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде до 24 степени.