Заев: Македонската државност е изнедрена од борбата за правда и еднаквост

Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев по повод 11 Октомври – Денот на народното востание порача дека сограѓаните во Куманово и Прилеп, го означиле почетокот на сенародната борба за слобода и правда и го започнале остварувањето на вековниот сон- сопствена и заслужена државност.

„Со овој голем историски чин започна и впишувањето на македонската држава на мапата на нациите на светот. Македонската државност е изнедрена од борбата за правда и еднаквост. Во темелот се вградени заложбите, напорите и саможртвата на огромен број генерации. Благодарение на овој пркос, денес, Република Северна Македонија е меѓународно призната држава со сопствена и со сојузничка армија, со државна валута и со сите постулати на државност. Нека ни е честит и вековит 11 Октомври – Денот на народното востание!“, напиша Заев на Фејсбук по повод денешниот државен празник.

Заев по повод празникот ќе има обраќање на Спомен костурницата во Куманово.