Нобеловци и политичари

БУГАРИЈА - Европратениците изгласаа резолуција со која ја изразуваат својата недвосмислена поддршка за бугарскиот народ во нивните барања и легитимни аспирации за правда, транспарентност, одговорност и демократија, јави МИА од Брисел.

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 2267 тестирања, а регистрирани се 386 нови случаи на ковид-19. Починале 6 лица.

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Парламентот денеска го донесе Законот за изменување и дополнувањe на Законот за враќање на дел од ДДВ на физичките лица, по скратена постапка, со што се овозможува да се реализира мерката Викенд без ДДВ, дел од најавените антикризни мерки на Владата поради ковид пандемијата.

САД - Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека нема да учествува на втората претседателска расправа во следната недела против демократскиот кандидат Џо Бајден, откако организаторите изјавија дека таа ќе се одржи виртуелно, бидејќи Трамп бил заразен со ковид-19.

НОРВЕШКА -Агенцијата за храна на Обединетите нации - Светската програма за храна (WFP) е добитник на овогодинешната Нобелова награда за мир, соопшти денеска Комитетот за доделување на наградата во Осло, Норвешка.

СРБИЈА - Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека ги прифаќа критиките од комесарот за проширување Оливер Вархеји, кои беа упатени кон него.

КИРГИСТАН - Претседателот на Киргистан Соронбаи Јенбеков изјави дека е подготвен да поднесе оставка откако ќе биде назначен нов кабинет за ставање крај на вакуумот на власта во централноазиската земја.

ИРАН / САД -Вашингтон го стави на црната листа буквално целиот финансиски сектор во Иран, што е уште еден дополнитеен удар за иранската економија веќе погодена од санкциите на САД. На листата се најдоа 18 ирански банки кои досега избегнуваа од повеќето санкции на САД воведени од администрацијата на Доналд Трамп, по повлекувањето на Соединетите држави од нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Техеран и светските сили.