Помпео во Токио на средба со колегите од Јапонија, Австралија и Индија

државниот секретар на САД Мајк Помпео

Шефовите на дипломатиите на Соединетите Држави, Индија, Австралија и Јапонија денеска во Токио ќе имаат ретка можност за директни разговори и за справување со коронавирусот и за зајакнување на соработката. Четирите земји во последниве години формираа стратешка групација - позната како „Квадрат“ со цел да биде противтежа на Кина. На состанокот, покрај јапонскиот домаќин министер за надворешни работи Тошимитсу Мотеги ќе учествува државниот секретар на САД Мајк Помпео, министерката за надворешни работи на Австралија, Мариз Пејн и индискиот министер за надворешни работи Субрахњам Јаишанкар.

Државниот секретар на САД, Помпео во посета на Грција

Тоа ќе биде првиот меѓународен состанок на министерско ниво во Јапонија од почетокот на пандемијата, а исто така и откако премиерот Јошихиде Суга ја презеде функцијата. Јапонија има намера постепено да ги отвори своите граници за повеќе странци, особено деловни патници, бидејќи се подготвува да ги одржи одложените Олимписки игри следното лето.