Трамп објави дека излегува од болница

САД - Американскиот претседател Доналд Трамп во автомобил кој поминува покрај негови поддржувачи пред медицинскиот центар Валтер Рид во Мериленд на 4 октомври 2020 година.

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека ќе ја напушти болницата во близина на Вашингтон, каде три дена се лекуваше за симптоми на Ковид-19 и ќе продолжи со закрепнувањето во Белата куќа.

„Ќе го напуштам одличниот медицински центар Валтер Рид денеска во 18 и 30 часот (00:30 часот на 6 октомври според локално време во Скопје) Се чувствувам навистина добро! Не се плашете од Ковид. Не му дозволувајте да доминира со вашиот живот...Се чувствувам подобро отколку пред 20 години“, напиша Трамп на Твитер.

Лекарите на Трамп наскоро треба да одржат прес-конференција на која ќе зборуваат за здравствената состојба на Трамп.

Претходно истиот ден, шефот на штабот на Белата куќа Марк Медоус рече дека состојбата на Трамп се чини дека се подобрила во текот на ноќта и дека „лекарите ќе донесат одлука за тоа дали ќе го отпуштат денеска подоцна.“

Трамп скоро 20 пати пишуваше на Твитер на 5 октомври, главо за ноемвриските избори.

Се поголем број луѓе околу американскиот претседател, вклучително неговата сопруга Меланија, високи соработници и републикански сенатори, беа тестирани позитивни на на вирусот.

Портпаролката на Белата куќа Кејли Мекенани денеска изјави дека е позитивна на коронавирусот, но дека не чувствува никакви симптоми.

Неколку американски медиуми објавија дека голем за број други членови на Белата куќа исто така било потврдено дека се инфицирани од коронавирусот, вклучително Чад Гилмартин кој работи во претседателската канцеларија за печат.