Политичари и нобеловци

ГРЦИЈА - Грчките разузнавачки служби открија членови на невладини организации вклучени во „трговија со луѓе“ - шверц на илегални имигранти од Турција во Грција, објави весникот Катимерини.

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Државниот студентски дом Скопје денеска го објави распоредот за вселување во домовите Стив Наумов (зграда и бараки), Кузман Јосифовски-Питу и Гоце Делчев, согласно со одлуката на Владата и по препорака на Комисијата за заразни болести да прима со преполовен капацитет и со строго почитување на протоколите за заштита од КОВИД-19.

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Една милијарда денари или 17 милиони евра предвидува да врати им на граѓаните Министерството за финансии со вториот ребаланс на Буџетот за остварување на мерката Викенд без ДДВ, што ќе се реализира продолжениот викенд на 10, 11 и 12 октомври годинава, информираше на денешната прес-конференција министерот за финансии Фатмир Бесими.

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Премиерот Зоран Заев не очекува Бугарија да го попречува почетокот на пристапните преговори на Македонија со Европската унија (ЕУ). Тој на денешната прес-конференција по повод Денот на наставниците, рече дека ќе се најде заедничко решение.

САД - Претседателот на САД, Доналд Трамп, во неделата беше однесен накратко со автомобил од Воената болница во Вашингтон, каде што од петокот се лекува од ковид-19. Трамп беше пренесен на работ од болничкиот комплекс за да поздрави група свои приврзаници кои од петокот се таму. Претседателот со маска на лицето е снимен во црно возило како мавта.

КИРГИСТАН - Неколку политички партии во Киргистан одраа митинзи во главниот град Бишкек, повикувајќи на поништување на резултатите од парламентарните избори за време на викендот, кои им донесоа победи на партиите блиски до киргистанскиот проруски претседател Соронбаи Јенбеков.

БУГАРИЈА - Триесетина бугарски историчари, научници, универзитетски професори и јавни личности со заедничко писмо до јавноста, насловено Европа не нè разбира, се изјаснија против меморандумот што Софија го испрати до земјите членки на Европската Унија (ЕУ) во кој се изнесени сериозни тврдења и црвени линии на патот на Скопје кон ЕУ.

СРБИЈА - Денеска се навршија 20 години од големите демонстрации во Белград на 5 октомври 2000 година, со кои заврши владеењето на Слободан Милошевиќ, но официјалното одбележување на годишнината не беше најавено ниту од политичките партии кои учествуваа во организацијата на демонстрациите.

НОРВЕШКА - Годинашната сезона на Нобеловата награда започнува денеска со објавување на лауреатите за медицина, а имињата на добитниците за физика, хемија, литература и мир ќе бидат објавени во текот на целата недела.