Столтенберг денеска и утре во Анкара и Атина

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска и утре ќе ги посети Анкара и Атина и ќе одржи средби со министри од турската и грчката Влада. Денеска Столтенберг ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Турција и други високи владини претставници, додека пак ден подоцна, во Грција, ќе разговара со грчкиот премиер и министрите за надворешни работи и национална одбрана.

Грција и Турција со механизам за избегнување конфликти

Грција и Турција, во минатата недела во НАТО воспоставија билатерален механизам за избегнување конфликти што има за цел да го намали ризикот од инциденти и несреќи во Источен Медитеран, а вклучува и воспоставување на „црвена линија“ помеѓу двете земји за да се олесни избегнувањето на конфликти на море или во воздух. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг истакна дека „овој безбедносен механизам може да помогне да се создаде простор за дипломатски напори за решавање на основниот спор“.