Настава, маски и социјални мрежи

МАКЕДОНИЈА - Рускиот опозиционер Алексеј Навални го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека стои зад неговото труење, пишува денес германскиот весник Шпигел. Кремљ врати дека тој работи за ЦИА.

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Соединетите Држави сериозно придонесуваат во зајакнување на нашиот здравствен систем, вели министерот за здравство Венко Филипче на денешната средба со амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Кејт Мари Брнс. Филипче се заблагодарил за континуираната поддршка во унапредување на здравствената заштита и успешно справување со коронавирусот во нашата држава.

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска информираше дека партијата во сабота ќе организира нов протест, овој пат, како што вели, против, како што рече, неправди, реваншизам и политичко насилство.

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Оваа генерација на ученици ќе биде запаметена како темел на едно поинакво, дигитално и европско образование. Маските ви го покриваат лицето, но не и вашата желба за учење, им порача денеска на првачињата, градоначалникот на Општина Карпош, кој заедно со премиерот Зоран Заев и министерката за образование Мила Царовска го одбележаа првиот училишен ден во школото Јан Амос Коменски во Скопје, во услови на пандемија со Ковид-19.

ГРЦИЈА - Грција ја продолжи забраната за патување за државјани на трети земји до 12 октомври, јави МИА. Ограничувањата на копнените граници се воведени од превентивни причини за да се заштити јавното здравје од ширењето на Ковид-19 во Грција и се однесува на периодот од 1 до 12 октомври.

САД - Претседателот на САД Доналд Трамп денеска го потпиша законот за буџет за привремено финансирање на владата до 11 декември, спречувајќи ја заканата од таканареченото затворање, на работата на федералната влада поради недостаток на државно финансирање.

БЕЛГИЈА - Европската комисија ги критикуваше реформите во судството од страна на унгарската и полската влада како главен извор на сериозна загриженост.

ТУРЦИЈА - Во Турција денеска стапи во сила контроверзниот закон за регулирање на содржината објавена на платформите на социјалните медиуми, што беше усвоен во турскиот парламент на 29 јули годинава.