Меркел бара итен прекин на огнот во Нагорно - Карабах

Етнички ерменски војник испукува топовски проектил во борбите со азербејџанските сили во нагорно-Карабах, 29 септември 2020

Германската канцеларка, Ангела Меркел, повика итно да се прекине огнот во Нагорно - Карабах, соопшти нејзиниот кабинет. Според соопштението, канцеларката имала одвоени телефонски разговори со лидерите на Азербејџан и Ерменија.

„Канцеларката ја нагласи итноста за моментален прекин на огнот и враќање зад преговарачка маса“, се наведува во соопштението од нејзината канцеларија.

Тешките борби во сепаратистичкиот регион Нагорно - Карабах го зголемија стравот од тотална војна меѓу Азербејџан и Ерменија во регионот каде што големи влијание имаат Русија и Турција. Советот за безбедност на ОН се очекува денеска да одржи итна седница зад затворени врати за ситуацијата во Нагорно - Карабах. Официјалниот биланс од борбите до денес е 95 загинати, меѓу кои 11 цивили, 9 од Азербејџан и 2 од ерменска страна.