Денеска пресуда за Миле Јанакиески за „Шамари за Жерновски“

Архивска фотографија - Обвинетиот Миле Јанакиески во судница

Во Основниот кривичен суд Скопје, денеска на пладне, треба да биде изречена пресудата за поранешниот министер Миле Јанакиески за случајот „Насилство во Центар“.

Покрај Јанакиески, во случајот познат и како „Шамари за Жерновски“ и „Шамарите во Центар“, обвинети се уште тројца, меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија. Тие се обвинети за поттикнување насилство за време на протестите пред Општина Центар во јуни 2013 година.

„Ниту сум давал насоки, ниту пак сум поттикнувал. Нема докази дека јас ги координирам луѓето пред општината. Не знам како тоа сум го правел, со волшебно стапче или холограм“, изјави Јанакиевски во завршните зборови вчера и порача дека Обвинителството не докажало дека ги извршил кривичните дела.

Обвинителката Фатиме Фетаи, која беше дел и од поранешното Специјално јавно обвинителство, кое го отвори овој случај, побара максимални казни за обвинетите. Обвинителството пред две рочишта го прочисти обвинението и при тоа го повлече обвинението за поранешната пратеничка Даниела Рангелова.