Предупредување за бури, торнада, поројни врнежи и силен ветар за Хрватска и Западен Балкан

Илустрација: Невреме во Хрватска

Европскиот систем за предупредување за невреме ЕСТОФЕКС издаде предупредување од втор и прв степен за делови од Хрватска и Западен Балкан, наведувајќи дека дел од регионот ќе биде под влијание на пороен дожд и град. Тие додаваат дека се можни торнада и силни налети на ветер.

Бури се формираат на северот на Хрватска се до југот на Словачка и дека станува збор за силни бури. Најголема активност се очекува во вечерните часови, кога се очекуваат најмногу врнежи.

Severe Weather Europe објави и прогноза со која најавува за попладнето поројни врнежи од дожд за Западен Балкан и дел од Медитеранот. Промената на времето во Хрватска веќе почна и пороен дожд врне во Далмација и Истра, додека паѓа град во Загорје.