Девет починати и 143 нови случаи на коронавирус во Македонија

Лекари пренесуваат болен од коронавирус во болница во Скопје

Во изминатото деноноќие се регистрирани 143 нови случаи на коронавирус во земјава, а девет луѓе починале, информира Министерството за здравство. Направени биле 1504 тестирања.

Најголем број нови случаи се регистрирани во Скопје – 43, а потоа следат Куманово со 16, Кочани 15, Струмица 11, Прилеп 9, Тетово и Гостивар по 6, Свети Николе 5, Штип и Гевгелија по 4, Велес, Кавадарци, Валандово и Делчево по 3, Струга, Охрид, Виница и Кичево по 2 и по еден нов случај е регистриран во Радовиш, Пробиштип, Пехчево и во Неготино.

Во истиот период има 110 оздравени.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17343, бројката на оздравени пациенти е 14422, на починати е 721, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2200.