Шкендија вечер на мегдан со Тотенхем и Мурињо

Архивска фотографија градскиот стадион во Скопје, од мечот Македонија - Шпанија на 11 август 2009 година

Вечерва од 20 часот, на Градскиот стадион во Скопје, македонскиот фудбалски клуб Шкендија го пречекува англискиот премиерлигаш, гигантот Тотенхем, во третата квалификациска рунда од Лигата на Европа.

Според англиските медиуми, менаџерот на „петлите“, Жозе Мурињо, ќе напаѓа со Хари Кејн, а во офанзивата ќе игра со Сон или Ламела и со Деле Али и Бергвајн.

Тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока, ќе мора да направи стратегија без Арменд Алими, кој доби црвен картон на минатиот меч со Ботоашани. На неговиот список се Дита, Тотре, Ахмеди, Зејнулаи…