Совет за безбедност: Земјата стабилна и не се очекува да биде загрозена

Фотографија од денешната седница на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски

Состојбата во земјата и во регионот е стабилна и не се очекува дополнително да биде загрозена во блиска иднина, изјави претседателот Стево Пендаровски, по одржување на седницата на Советот за безбедност, денеска во претседателската вила Водно.

„Советот заклучи дека состојбата во земјата и во регионот е стабилна, и не може да биде загрозена нашата безбедност. Во идните неколку месеци би можел да биде проблем евентуален нов бран на мигрантска криза. Најголема криза во моментов е пандемијата на Ковид-19. Пандемијата продира во сите полиња. За првпат годинава имавме вонредна состојба, а армијата и полицијата имаа сосема поинаков вид на задачи“, рече Пендаровски во обраќањето по седницата на Советот.

На состанокот, покрај премиерот Зоран Заев и собранискиот спикер талат Џафери, беа и министрите Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска, Бујар Османи, како и шефовите на трите македонски безбедносни и разузнавачки агенции.