Собранието ги изгласа измените во Законите за основно и средно образование

Собрание на Република Северна Македонија

Пратениците во македонското Собрание синоќа со 61 пратеник „за“, ниту еден „против“ и 28 „воздржани“, го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за основно образование и со 61 глас „за“, еден „против“ и 25 „воздржани“ го донесе Закоконот за изменување и дополнување на Законот за средно образование, по скратена постапка.

Министерката за образование и наука Мила Царовска ги образложи законите за основно и за средно образование, истакнувајќи декасите одредби од Предлог-законското решение и измената на законот за основно обрзаование се јасни.

„Утврдуваме одредена уредба која во вонредни околности ќе може да ја носи Владата, со цел да го уреди траењето на часовите, бројот на наставните денови во одредена година, за да се воспостави ова како механизам кој првпат ќе биде поставен во законот. Целта на оваа уредба ќе биде технички да ја уреди школската година во текот на таа година кога имаме вонредни околности. Првпат се воведува правото на учење од далечина, кое досега не било регулирано, рече Царовска.

Таа додаде дека учењето од далечина нема да се случува само во вонредни околности, туку со осовременување на образовниот систем може да се смета дека овој тип на платформа ќе биде корисна и за учениците и за континуирано учење на наставниците.