Во Британија високи казни за непочитувачите на карантин

Британските власи ќе ги казнуваат луѓето што одбиваат наредба за самоизолација како мерка за сузбивање на коронавирусот. За непочитувачите на карантин ќе има казни до 10 илјади фунти(13 илјади американски долари), бидејќи во земјата се забележува нагло зголемување на инфекциите со коронавирусот.

Според новото правило луѓето кои имаат позитивен тест или се близок контакт на некој кој има вирус треба да се изолираат. Правилото стапува на сила на 28 септември.

Владата ќе им помогне со парична помош од 500 фунти (633 американски долари)на оние луѓе со пониски примања кои поради изолацијата може да се соочат со загуба на заработката.

Најновите бројки покажуваат дека во Велика Британија се регистрирани 4422 случаи на заразени дневно, што е највисока бројка од почетокот на мај.

Премерот на Британија Борис Џонсон и лондонскиот градоначалник Садик Кан најавија дека се можни построги ограничувања против коронавирусот.