Русковска - Маричиќ: Кадровско зајакнување на Обвинителството

Јавната обвинителка Вилма Русковска и министерот за правда Бојан Маричиќ

Министерот за правда Бојан Маричиќ се сретна со основната јавна обвинителка за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, и на средбата дискутираа за потребите на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, подготовките на Република Северна Македонија за почеток на преговорите со ЕУ, како и зголемување на ефикасноста во постапувањето по предметите, соопштија од Министерството за правда.

Министерот за правда Бојан Маричиќ истакна дека ќе биде поддршка во процесот на кадровското зајакнување со стручни соработници и подобрување на капацитетите на Обвинителството со цел поефикасна борба против организираниот криминал и корупцијата.

Воедно, како што соопшти Министерството за правда, во поглед на почетокот на преговорите и отворањето на Поглавје 23 – Правосудство и фундаментални права, министерот Маричиќ истакна дека во фокусот на преговорите ќе биде судската и обвинителската пракса и имплементацијата на законите.