Русија ќе и позајми 1,5 милијарди долари на Белорусија

Рускиот претседател Владимир Путин на средбата со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко во Сочи

Рускиот претседател Владимир Путин на средбата со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко во Сочи се согласил да и даде заем на земјата од 1,5 милијарди долари. Тој воедно порача и дека белорускиот народ треба да ја реши кризата без мешање од странство.

Според него, предлогот на Лукашнко да спроведе уставни реформи е логичен и разумен. Средбата меѓу двајцата лидери е во услови на секојдневни протести на кои се бара оставка на Лукашенко по спорните претседателски избори, минатиот месец. Лукашенко обвини за странско мешање во протестите додека илајдници лица беа приведени и повредени од полицијата, што наиде на осуда од САД и ЕУ.

Покрај заемот, Путин сигнализираше дека ќе овозможи и воена поддршка за Лукашенко, велејќи дека соработката во одбраната ќе продолжи меѓу двете земји. Руските падобранци денеска започнаа заеднички вежби со белоруските сили. Путин вети воена помош во рамките на билатералниот воен пакт меѓу двете земји.