Шестмината настрадани, 26 исчезнати во лизгање на земјиште во Непал

Илустрација: Поглед на Катманду

Најмалку шест луѓе загинаа, а 26 се водат за исчезнати во лизгање на земјиштето предизвикано од поројните дождови во Непал, соопштија тамошните власти. Спасувачите и локалните жители во округот Синдхупалчовк, на околу 120 километри источно од главниот град Катманду, успеаја да извлечат шест тела од под урнатите куќи, рече државниот претставник Бабурам Канал.

Лизгањето на земјиште е честа појава во планинскиот Непал за време на сезоната на монсуните која обично завршува во септември. Според Министерството за внатрешни работи, оваа година од последици на монсуните загинале 351 луѓе, а 85 се водат како исчезнати.