Владата не се откажува од „Викенд без ДДВ“

Вицепремиерот Фатмир Битиќи

Вицепремиерот за координација со економските сектори Фатмир Битиќи денеска изјави дека не се откажуваат од проектот „Викенд без ДДВ“ и оти се разгледуваат законските можности и здравствените аспекти кога тој може да се реализира.

„Веќе ги гледаме последните законски можности кога во најбрз временски период и во координација со здравствените институции, тоа може да се направи. Мислам дека наскоро со четвртиот пакет веќе ќе имаме став и за „Викенд без ДДВ“, рече Битиќи.

Коментирајќи ги мислењата на одредени експерти дека мерката повеќе ќе им помогне на поимотните отколку на посиромашните граѓани и оти таа води кон сивата економија, Битиќи со став дека има механизми со кои би се идентификувале и елиминирале евентуалните вакви појави.