Вистини и лаги

БЕЛГИЈА - Две години откако се согласија на саморегулаторниот кодекс за справување со дезинформациите, Фејсбук, Гугл и Твитер и другите технолошки ривали мора да се обидат повеќе за да бидат поефикасни со справување со лажните вести, соопшти денеска Европската комисија, јави Ројтерс.

МАКЕДОНИЈА - Шефицата на обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска го тужи ВМРО-ДПМНЕ бидејќи нејзиниот лик беше употребен во предизборните спотови, како што вели, во негативна конотација, односно како личност која е извршител на власта.

САД - Американскиот претседател Доналд Трамп приватно зборуваше колку е сериозна заканата од коронавирус, а во исто време ѝ велеше на нацијата дека вирусот не е полош од сезонскиот грип и дека владата го има под контрола, се вели во новата книга на новинарот Боб Вудворд, пренесе новинската агенција АП.

ЧЕШКА - Чешката влада нареди од денеска носење маски за лице на затворено низ целата земја, објави на министерот за здравство Адам Војтех, откако во вторникот бројот на инфекциите се зголеми на рекордни 1.164 лица.

РУСИЈА - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров врска со договорот во Вашингтон меѓу Белград и Приштина рече дека Русија ги поддржува сите договори што се постигнати доброволно меѓу Србија и Косово.

РУСИЈА - Српската влада донесе одлука за прекинување на сите заеднички меѓународни воени вежби во следните шест месеци, само еден ден пред почетокот на вежбата Славјанско братство 2020, чиј домаќин е Белорусија. Министерот за одбрана Александар Вулин рече дека одлуката е донесена под силен притисок на ЕУ.

ГРЦИЈА - Нов пожар избувна ноќта меѓу средата и четвртокот во најголемиот грчки камп за мигранти Мориа на Лезбос, 24 часа по првиот огромен пожар кога беше уништен голем дел од тој центар. Пожарот избувна во делот од кампот кој претходно не беше многу погоден.