Во Чешка најголем дневен пораст на инфекции со коронавирус - 1.164 случаи

илустрација

Чешката Република во средата го пријави најголемиот еднодневен скок на инфекции со коронавирус, со нови 1.164 случаи. Тоа е за прв пат од епидемијата во март, бројот на нови дневни случаи да надмине 1.000, иако владата сака да избегне строги заклучувања какви што беа наметнати во почетокот на пандемијата.

12 чешки полицајци на границата со Грција се корона позитивни

Од денеска во Прага се проширува задолжителното носење маски на лице и во сите продавници. Досега тоа беше само во јавниот превоз.