Времето денеска: сончево со локална облачност

Ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во западните планински подрачја со услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието. Дневната температура ќе биде од 22 до 35 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде до 29 степени.