Еден починат и неколкумина ранети при напад со нож во Бирмингем

Илустрација, Бирмингем, Велика Британија

Британската полиција соопшти дека испитува „голем инцидент“ во кој неколкумина беа избодени со нож во градот Биргмингем. При нападот едно лице загина, додека неколкумина се ранети. Настанот се случил во познато маало со многу барови и ресторани. Полицијата смета дека мотивот за „инцидентот “ не е напад од омраза или тероризам. Претходно во Британија при два напади со масовни прободувања со нож, беа убиени напаѓачите кои претходно биле осудувани за екстремизам.