Белград и Приштина продолжуваат со експертски разговори во Брисел

Илустрација, комбо-фотографија за продолжениот дијалог меѓу Србија и Косово

Во Брисел продолжија експертските разговори меѓу Белград и Приштина. Станува збор за тимови со експерти од Белград и Приштина кои денеска ги продолжија разговорите во рамки на дијалогот за нормализирање на односите со посредство на ЕУ. Ова е четврти состанок на експертско ниво од продолжувањето на дијалогот Белград-Приштина во јули годинава. Во Брисел е најавено дека за време на викендот, двете делегации ќе разговараат за веќе започнатите теми во врска со исчезнатите и раселените лица, како и за економските односи. Најавена е и забрзана динамика на преговорите во рамките на дијалогот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, при што експертите ќе се состануваат на секои 10 дена, а лидерите на секои 20 дена.