МВР: Запленети речиси 50 килограми дрога во Прилеп

Macedonia, Ministry of Interior - seizure of 48 kilograms of hashish and marijuana

Околу 48 килограми дрога од кои 15 килограми хашиш и 33 килограми марихуана заплени МВР во Прилеп, при што се првидени се приведени тројца осомничени. Полициската акција била изведена во прилепското село Дебреште.

Портпаролот н МВР Тони Ангеловски изјави дека во акцијата учествувале полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, ОВР Прилеп и Одделот за специјални полициски операции во координација со прилепското Јавно обвинителство.

По наредба од Основен суд Прилеп, извршени се претреси на три локации во с. Дебрешта и одземени се две патнички возила, мерцедес и голф, во врска со овој случај. Приведените денеска ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основен суд Прилеп.