Косовските бизнисмени задоволни од договорот меѓу Приштина и Белград

Потпишувањето на договорот меѓу Белград и Приштина во Вашингтон

Косовскиот стопанственици очекуваат корист од договорот меѓу Белград и Приштина што беше вчера потпишан во Вашингтон. Претседателот на Стопанската комора на Косово, Берат Рукиќи на прес конференција денеска изјави дека дека наскоро, заедно со група косовски бизнисмени, ќе замине во Соединетите Американски Држави, за со тамошните институции да ги анализираат придобивките од договорот.

„ Што се однесува до точките од договорот, значајно е дека има посветеност од американските институции за инвестиции, што верувам дека го прават Косово значајно во меѓународниот превоз. Во тој аспект го поддржуваме“, изјави Рукиќи.

Косовскиот премиер Авдулах Хоти и српскиот претседател Александар Вучиќ, во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп, вчера во Белата куќа во Вашингтон потпишаа договор за економска стабилизација, со кој се регулира соработката меѓу двете земји во повеќе економски области.