Судири на демонстрантите и полицијата во Софија, Парламентот расправа за новиот Предлог-устав

Судири на демонстрантите и полицијата во Софија

Најмалку 20 полицајци биле повредени во судирите со активистите за борба против корупцијата пред зградата на Парламентот во Софија, каде што почна расправата за новиот Предлог-устав. Неколкуте илјади демонстранти извикуваат „Оставка“ и „Мафија“ и со разни предмети ги гаѓаат полицајците опремени со маски и штитови.

Околу 20 полицајци се повредени, а осум луѓе се уапсени, изјави неименуван полициски претставник за медиумите.

Антивладините протести се одржуваат секојдневно повеќе од два месеци во Софија и другите поголеми бугарски градови.

Главно барање на демонстрантите е оставка на премиерот Бојко Борисов и на главниот обвинител Иван Гешев.

Демонстрантите ја обвинуваат власта за поврзаност со мафијата, толерирање на корупцијата и гушење на слободата на говорот.