Трамп во посета на Кеноша и покрај противењето на гувернерот

Претседателот на САД Доналд Трамп 

Претседателот на САД Доналд Трамп денеска ќе го посети градот Кеноша и покрај противењето на гувернерот на Висконсин каде се наоѓа Кеноша. Белата куќа соопшти дека причината за посетата на Трамп на Кеноша е да се сретне со локалната полиција и „да утврди штета од неодамнешните немири “. Гувернерот на Висконсин, демократот Тони Еверс, изрази страхување дека посетата на Трамп ќе разгори тензии, и го повика да ја откаже. „Се плашам дека вашето присуство само ќе им отежне на заздравувањето на раните, ќе ја одложи нашата работа за надминување на поделбите “, истакна Еверс.

Еден загинат при судир на демонстранти во Портланд

Сепак, Белата куќа во изјавата испратена до Вашингтон пост наведува дека луѓето во Кеноша „копнеат за лидерство со цел да ја поддржат локалната полиција и деловниот свет чии објекти се вандализирани“. „Претседателот Трамп со нетрпение ја очекува посетата во вторник за да помогне во заздравувањето на раните на овој прекрасен град и да се обнови“, се додава во соопштението. Афроамериканецот Џејкоб Блејк неодамна беше ранет во полициско пукање во протестите против расизмот и полициската бруталност.