Претепан руски блогер

Јегор Жуков

Рускиот опозициски блогер Јегор Жуков бил претепан синоќа во Москва, а напаѓачите успеале да избегаат, соопштија неговите соработници. 22-годишниот блогер, на кого му се судеше за „екстремизам“ во 2019 година, „беше нападнат во близина на куќата и претепан“, изјавија неговите соработници кои објавија фотографии на млад човек со крв, повредено око и усни. Според истиот извор, Жуков бил нападнат од две лица кои потоа побегнале. "Јегор сега е во полиција и чека брза помош. И покрај бројните повреди, Јегор е мирен, па дури и се шегува за тоа што му се случило", се вели во пораката. Цитирајќи го портпаролот на болницата, агенцијата Интерфакс известува дека младиот човек бил подложен на прегледи поради можен потрес на мозокот и трауми на главата.

Со што и од кого е отруен Навални?

По големите протести на опозицијата во Москва во летото 2019 година, Жуков беше уапсен и обвинет за организирање „масовни немири“, по што граѓанското општество застана во негова одбрана. Тој беше осуден на три години затвор за „екстремизам“ и му беше забрането да работи веб-страници и интернет платформи, па неговите соработници ги преземаа неговите активности. Жуков објави видеа во кои се повикува на „одлучна“ борба против руската влада, што судството го оцени како „екстремистички“ активности.