Еден загинат при судир на демонстранти во Портланд

Архивска фотографија - судири на полицијата и активсти на „Црните животи се важни“ во центарот на американскиот град Портланд, Орегон. 25.07.2020.

Едно лице е застрелано додека приварзаници на претседателот на САД Доналд Трамп се судрија со левичарски групи демонстранти во северозападниот американски град Портланд во државата Орегон.

Инцидентот се случи вчера на 29 август кога околу 2.500 приврзаници на Трамп организирале конвој во неколку стотици автомобили низ градот, што довело до судири со активисти на „Црните животи се важни.“

Властите не го објавија идентитетот на жртвата и не прецизираа дали пукањето било директно поврзано со судирите.

Во Портланд во изминатиов период често се случуваа протести против полициската бруталност и расизмот поубиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис во мај оваа година.

Судирот доаѓа во пресрет на минатонеделното пукање врз Афроемерикански маж од страна на полицијата во Кеноша, Висконзин, кое доведе до широкораспространето насилство во градот.

Поради пукањето 29-годишниот Џејкоб Блејк остана парализиран од половината надолу.

Трамп планира да го посети градот на 1 септември, да се сретне со органите на прогонот и да ги преиспита штетите од протестите, според Белата куќа.