Парламентарни избори во Црна Гора

Подгорица - Парламентрани избори во Црна Гора. 30.08.2020.

Црногорците денеска на 30 август излегуваат на гласање да изберат меѓу мноштво партии и коалиции, во изборната трка за 81 пратеничко место на парламентарните избори во земјата.

До 10 часот гласале 23 отсто од вкупниот број на гласачи. Претседателот на Државната изборна комисија Алекса Ивановиќ соопшти дека општинските изборни комисии не пријавиле неправислности.

Парламентарните избори во Црна Гора се одржуваат во амбиент на зголемени политички тензии и здравствени ризици предизвикани од епидемијата на Ковид -19.

Ова се единаесети парламентарни избори од воведувањето на повеќепартискиот систем и петти од обновата на независноста на Црна Гора.

За гласовите на граѓаните со борат 11 изборни листи, односно шест коалиции и пет политички партии, меѓу кои пет изборни листи кои се борат за гласовите на припадниците на националните малцинства на Бошњаците, Албанците и Хрватите.

Право на глас во Црна Гора имаат 540.026 граѓани кои ќе гласаат на 1.217 избирачки места. Избирачките места ќе бидат отворени до 20 часот.