Најмалку 15 жртви на напад во Авганистан

Авганистанските власти соопштија дека најмалку 15 цивили се убиени при две одвоени експлозии на автомобили бомби постави на автопат во јужната провинција Кандахар. Во првата експлозија загинаа 12 цивили меѓу кои и три деца кога со комбето со кое патувале удриле во паркираниот автомобил бомба. Неколку часа подоцна друго возило експлодирала и втората бомба при што загинале уште три цивили.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани ги осуди нападите и ги повика Талибанците да престанат да поставуваат бомби по патиштата кои предизвикуваат цивилни жртви.

Талибанците засега не презеле одговорност за овие два напади.