Украина ги затвора границите за странци

Илустрација, украинска граница

Украинската влада ги заостри мерките за спречување на ширењето на коронавирусот со тоа што донесе одлука за затворање на границите за странците. Овие мерки ќе стапат на сила од утре( 29 август). Дополнително претходно донесените мерки на денешната вонредна седница добија времено продолжување од два месеца и ќе бидат со важност до 31 октомври.

„Зголемувањето на бројот на новозаразени со ковид-19 не натера да постапуваме порешително“ изјави премиерот Дени Шмигал.

Во Украина ќе им биде дозволено да влезат само странците кои што работат во таа земја и оние кои што транзитираат низ неа со максимално задржување д два дена. Од почетокот на пандемијата во Украина се регистрирани 114 илјади заболени од ковид-19 и над 2450 смртни случаи. Во изминатово деноноќие беа заведени 2438 нови случаи на заболени со ковид-19 што преставува рекорден број на евидентирани заболени во еден ден.