Регистрирани 518 прекршоци за неносење заштитна маска

Илустрација

МВР денеска соопшти дека во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, се регистрирани 518 прекршоци.

Од Министерството и денеска апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.