Рамон повторно кандидат за претседател на Таџикистан

Претседателот на Таџикистан, Емомали Рамон

Претседателот на Таџикистан, Емомали Рамон, кој е најдолго на власт во земјите од поранешниот Советски сојуз, е повторно номиниран за избор на функцијата. Федерацијата на независни синдикати на Таџикистан денеска официјално го објави номинирањето на Рамон, посочувајќи дека 67-годишниот актуелен лидер ќе учествува на изборите закажани на 11 октомври.

Владејачката Демократска партија, основана од Рамон, ќе го номинира својот кандидат на 3 септември. Пет други кандидати исто така влегоа во трката. На последните претседателски избори во Таџикистан, во 2013 година, Рамон беше реизбран со 84 проценти од гласовите.

Ниту еден од петте претседателски избори во Таџикистан на кои победи Рамон не се прогласени за фер и слободни од страна на странските набљудувачи.