Чешкиот претседател Земан хоспитализиран

Чешкиот претседател Милош Земан

Чешкиот претседател Милош Земан е хоспитализиран по повреда на раката и тој беше подложен на операција која била успешна, изјави портпаролот на претседателот Јиржи Овчачек. „Претседателот беше хоспитализиран во Воената универзитетска болница во Прага поради повреда на раката“, напиша тој на Твитер наведувајќи: „Претседателот ќе биде подложен на операција на повредената рака. Тоа не е ситуација опасна по живот. Претседателот е во контакт со неговото семејство и неговиот персонал“.

Чешкиот претседател се „одмора“ во болница

Овчачек рече дека 75-годишниот претседател ќе ја прилагоди својата програма со новонастанатата состојба.