Регистрирани се 426 прекршоци за ненсење заштитна маска

МВР информираше дека во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 426 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.