Учениците во Грција се враќаат на училиште, наставата со маски

Илустрација

Со сите ученици во секое одделение или клас, со задолжителна употреба на маска, учениците во Грција регуларно, се враќаат во училишните клупи, но и студентите на сите факултети во земјата, соопшти попладнево министерката за образование на Грција Ники Керамеос, јави дописничката на МИА од Атина.

Керамеос објасни дека иако е планирано учебната година да започне на 7 септември, сепак постои можност да се пролонгира, бидејќи целта е една седмица пред почетокот на наставата да нема раздвиженост и патувања на учениците за да се спречи евентуалното ширење на коронавирусот и упати повик до родителите, до крајот на август да се вратат од одмор.

Во однос на маските рече дека за сите ученици и просветни работници ќе бидат обезбеднени бесплатни платнени маски, ќе бидат задолжителни во затворените простори, односно во внатрешноста на училиштата, со исклучок на паузите за јадење. Во текот на новата учебна година во Грција нема да се одржат екскурзии, ниту училишни спортски натпревари.